Последниот учебен ден на првачињата од ООУ „Гоце Делчев“ Кавадарци помина со бајка и подарени сликовници-боенки во просториите на Библиотека „Феткин“ Кавадарци


09.06.2022

Денес учениците од прво одделение од ООУ „Гоце Делчев“ Кавадарци го одржаа последниот училишен час во просториите на Библиотека „Феткин“ -Кавадарци. На учениците им беше прочитана бајка, а директорот Петар Гурев на секој ученик му подари сликовница-боенка за да го вежбаат читањето и боењето во текот на летниот распуст.