Промоција на романите „Јавачот“ и „Судбини“


14.10.2022

Вчера 13.10.2022 во просториите на Библиотека Феткин Кавадарци се одржа промоција на романите „Јавачот“ и „Судбини“ од струмичанката Бранка Цветкова.
Промотор на книгите беше Професорот Иван Котев, а извадоци од книгите читаше Ангела Атанасова.
Романот „ Јавачот “, е рационална новела и показ како се понудува едноставно и сложено но читлива и прифалива сторија која ќе ги привлече како помладите така и постарите читатели.
Романот „Судбини“ е допадливо литературно дело кое освојува од прва, вистинско книжевно „огледало“ во кое мноштво читатели можат да го пронајдат својот лик или ликовите на ближни луѓе кои ги препознаваат во стожерните ликови од романот.