Во просториите на Библиотеката „Феткин“, се одржа промоција на книгата „Сексуална азбука“ од Татјана Алексиќ


15.06.2023

На 14.06.2023 година, во просториите на Библиотеката „Феткин“, се одржа промоција на книгата „Сексуална азбука“ од Татјана Алексиќ, издадена од Ад Вербум. Книгата претставува лексикон или азбучник во која што експликациите на сексолошките термини се преплетуваат со духовити културолошки вметнувања и асоцијации.