
За нас

Услуги

Новости

Контакт
Мисија
Визија
Културата заснована на вредностите кои ја надминуваат изолираноста, самодоволноста, ксенофобијата и предрасудите, ги овозможува виталните процеси на комуникација, размена на податоци и знаење, идеа и компетенција.
Јавната Општинска Установа Библиотека „Феткин“ е мултикултурен граѓански информативен центар и вредносен капитал на општина Кавадарци, а воедно и на нашата земја.
Наши услуги
Библиотека Феткин располага со богат книжен фонд.
Членска карта
Членарината изнесува 200 денари и трае една година, а позајмицата е пет денари за позајмена книга. Читателите имаат слободен пристап до книгите.
Правила и обврски при заченување
Правото за позајмица на библиотечен материјал е неотуѓиво, што значи дека со членската карта освен зачленетото лице, друго лице не може да врши позајмица.
Други услуги
Резервација на книга, Фотокопирање, Печатење, Скенирање, Помош при користење на услуги, Изнајмување
LCD проектор, Организација на настани,Изнајмување на некнижен материјал …
Престојни настани
Библиотека Феткин постојано ве известува за сите настани и активности што ги подготвуваме и реализираме и на нашиот веб сајт и на Facebook страната на библиотеката.
Виртуелна прошетка во Библиотека „ФЕТКИН“
3Д виртуелната прошетка како дел од целокупниот туристички потенцијал на општина Кавадарци можете да ја погледнете на следниот линк
За повеќе информации посетете го веб сајтот на општина Кавадарци
Библиотека Феткин ви препорачува




Нови наслови во библиотека Феткин




















Видео упатство за користење на виртуелна библиотека COBISS+
Настани и активности
ЈОУ Библиотека „Феткин“ Кавадарци
Благодарницата за успешната соработка, поддршката и придонесот во работата на ООУ Пере Тошев Росоман
Со особена чест и искрена гордост денес ја примивме благодарницата за успешната соработка, поддршката и придонесот во работата на Општинско основно училиште Пере Тошев Росоман доделена по повод одбележувањето на патрониот празник. Ова признание за нас претставува...
📚🔥 БИБЛИОТЕКА ФЕТКИН – ЧУВАР НА ЗБОРОТ, ГЛАСОТ И ИДЕНТИТЕТОТ! 🔥📚
Денес го славиме она што нè поврзува, нè обликува и нè прави свои – македонскиот јазик. Во Библиотека Феткин Кавадарци, јазикот не е само средство за комуникација, туку жива традиција, културно наследство и темел на нашиот идентитет. Ние го негуваме, го чуваме и го...
Поетската манифестација „Пролет, љубов, смеа“
Гордост за Библиотека „Феткин“ – Кавадарци! Денес Библиотека „Феткин“ – Кавадарци учествуваше на поетската манифестација „Пролет, љубов, смеа“, во организација на Библиотеката „Гоце Делчев“ од Свети Николе. Со особена радост ги споделуваме постигнатите успеси на...
Светски ден на книгата
По повод Светскиот ден на книгата и авторското право, 23 април 2026 година, ЈОУ Библиотека „Феткин“ – Кавадарци упатува искрени честитки до сите љубители на книгата, автори, издавачи и читатели, кои со својата посветеност придонесуваат за негување и развој на пишаниот...
Денес во Библиотека „Феткин“ имавме прекрасна празнична дружба! 🌷✨ Нѐ посетија учениците од второ одделение при ООУ „Тошо Велков – Пепето“
Денес во Библиотека „Феткин“ имавме прекрасна празнична дружба! Нѐ посетија учениците од второ одделение при ООУ „Тошо Велков – Пепето“ Кавадарци, заедно со нивните наставници Зорица Милкова и Стефан Николов. Поводот за оваа прекрасна средба беше заеднички да си ги...
„Инклузија – предизвик или мотиватор во библиотечната дејност“
На 2 и 3 април, Библиотека Феткин-Кавадарци, НУ-УБ „Гоце Делчев“ - Штип и Iskra Biblioteka Iskra од Кочани , во Хотел Оаза, успешно имплементираа дводневна стручна обука на тема: „Инклузија – предизвик или мотиватор во библиотечната дејност“ Обуката беше посветена на...
Адреса
7-ми Септември, бр.1
Кавадарци
1430
Р.С. Македонија
Локација
Работно време
Понеделник 08:00 - 19:00
Вторник 08:00 - 19:00
Среда 08:00 - 19:00
Четврток 08:00 - 19:00
Петок 08:00 - 19:00
Сабота /
Недела /









